📽 УДРИЛ ВО СЕМАФОР И ИЗБЕГАЛ Еве како туарегот со 17 мигранти се заби во металниот столб

Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

551

Жител на Блаце возејќи со голема брзина преку тротоар удрил во семафор кој се наоѓа на крстосницата на улиците Климент Охридски и Братство Единство во Струмица кој бегал од полицијата бидејќи во возилото превезувал мигранти.

Како што може да се види на видеото кое на фејсбук го сподели порталот Дрнка.мк, а кое е снимено од безбедносна камера поставена на некој објект, по ударот возачот на „туарегот“ почнал веднаш побегнал од возилото, додека 17 мигранти полека почнале да излегуваат од автомобилот, но набрзо биле приведени од полицијата.






– На 20.08.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од улиците „Климент Охридски“ и „Братство Единство“ во Струмица, едно лице управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ со возилото удрило во семафор, по што возачот на возилото побегнал од местото на настанот – соопшти МВР.

Во моментот на несреќата во возилото се превезувале 17 лица мигранти од Сирија, од кои 6 малолетници и Н.Б.(45) од село Блаце, општина Чучер Сандево.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот Н.Б. и уште едно лице мигрант, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

Поврзани содржини