УДРИЛ ЛЕКАР ВО КАЗИНО, ПА СО ТУПАНИЦИ УДИРАЛ ПОЛИЦАЈЦИ Обвинителство бара притвор за 28-годишниот битолчанец
Ценејќи дека постои опасност од бегство и реална можност за повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до надлежниот судија од Основниот суд Битола.
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 28-годишен маж од Битола поради основано сомнение дека сторил две тешки кривични дела – напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност, како и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Како што информираат од Обвинителството, инцидентот се случил на 29 јуни, во едно казино во Битола, кога осомничениот физички нападнал доктор од итната медицинска служба кој се обидувал да му помогне.
– Осомничениот без никаква причина го удрил лекарот со тупаница, нанесувајќи му телесна повреда додека тој професионално ја извршуваше својата работа – велат од Основното јавно обвинителство Битола.
По инцидентот, мажот бил пренесен во Клиничката болница во Битола за натамошна медицинска грижа. Но и таму продолжил со агресивно однесување, одбивал да соработува и да биде третиран. Вработените во болницата повикале полициска асистенција.
– Кога на лице место пристигнале двајца полициски службеници од СВР Битола, осомничениот и нив ги нападнал. Им упатувал закани и ги удирал повеќепати, покажувајќи висок степен на агресија и непочитување на институциите – додаваат од ОЈО.
Ценејќи дека постои опасност од бегство и реална можност за повторување на делото, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до надлежниот судија од Основниот суд Битола.
ХАОС ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Маж нападнал полицајци додека давале асистенција на лекари