УЧИЛИШНА ТОРБА ОД НЕКОЛКУ СТОТИЦИ ДОЛАРИ Рандосеру е основен елемент од јапонското детство речиси 150 години
Речиси секој ученик во основно училиште во Јапонија носи торба за книги позната како рандосеру, основен елемент од јапонското детство речиси 150 години.
Во Јапонија, културните очекувања постојано се всадуваат кај децата и во училиште и дома, поради што јапонското општество непречено функционира.
На пример, за време на пандемијата на коронавирусот, владата никогаш не наложи маски или карантини, но сепак мнозинството жители носеа маски за лице во јавност и се воздржуваа од излегување на преполни места. Јапонците имаат тенденција тивко да стојат во редици, да ги почитуваат сообраќајните сигнали и да чистат по себе за време на спортски и други настани, бидејќи се обучени да го прават тоа уште од градинка.
Така и носењето на гломазната училишна торба позната како рандосеру никој не им наложува на учениците да ја користат, но силните општествени норми ги наведуваат повеќето семејства да ја купуваат за своите деца.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.