УЧЕНИКОТ НА ШЕШЕЉ ГО НАРЕКОА УСТАШКА МАЧКА, МУ ГО ЗЕДОА МИКРОФОНОТ Шаровиќ беше нападнат додека поставуваше прашања

Шаровиќ во јавноста е познат како поранешен истакнат член на Српската радикална партија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По разделбата со Шешељ, ја основаше партијата „Љубов, вера, надеж“, а во последните години се посвети на медиумска сатира преку емисиите на КТВ Зрењанин.

1,911

Немања Шаровиќ, поранешен пратеник и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, беше нападнат вчера во Белград за време на митинг на поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ. Според снимките објавени од Н1 Србија, толпата фрлала шишиња и петарди, а еден од присутните му го откорнал микрофонот од рака.

Шаровиќ во јавноста е познат како поранешен истакнат член на Српската радикална партија и еден од најблиските луѓе на Шешељ. По разделбата со Шешељ, ја основаше партијата „Љубов, вера, надеж“, а во последните години се посвети на медиумска сатира преку емисиите на КТВ Зрењанин.






Шаровиќ со микрофон посетува митинзи на Српската напредна партија и им поставува прашања на симпатизерите на Вучиќ, најчесто во сатиричен тон.

 

Меѓутоа, токму тие видеа, пофалени од антивладини активисти, а осудени од владини поддржувачи, го направија контроверзна фигура. Публиката на митингот го препознала и почнала да го навредува со зборови како „пи*ко усташа“ и „усташка мачка“, додека други фрлале предмети кон него.

Притоа, еден човек физички му го одзел микрофонот, а обезбедувањето не реагирало навреме. Според сведоците, новинарската екипа се повлекла неколку минути подоцна, без потешки повреди, но со оштетена опрема.

Поврзани содржини