УЧЕНИЧКИ АВТОБУС ПРЕГАЗИ УЧЕНИЧКА Возилото полно со деца се движело наназад

Ученичката со тешки повреди била пренесена во кумановската болница, каде што ѝ е укажана лекарска помош.

115

Пред средно училиште во кумановско Долно Којнаре вчера изутрина се случи сериозна несреќа во која тешко е повредена 16-годишна ученичка.
Околу 9:45 часот, автобус од марката МАН кој превезувал ученици, движејќи се наназад, удрил во девојката. Зад воланот бил 61-годишен возач од село Алгуња, општина Старо Нагоричане.
Ученичката се здобила со тешки повреди и била пренесена во кумановската болница, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на расчистување на случајот.

Поврзани содржини