📽️ ЉУБОВНА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО СКОПЈЕ Пожарникар ја запроси девојката со помош на колегите

Романтичното запросување се случи пред колегите и присутните на одбележувањето на Денот на пожарникарите, а моментот беше поздравен со аплаузи и овации.

0

Денот на пожарникарите во Скопје годинава помина во знакот на емоции, љубов и големо изненадување, откако припадник на Противпожарната бригада Скопје ја запроси својата девојка пред колегите и присутните.

Во романтичната атмосфера, неговите колеги држеа транспарент со порака што ги разнежни сите присутни:






„Во сите интервенции сум бил храбар, но оваа ми е најважната, ќе се омажиш ли за мене?“

По емотивното прашање следуваше и долгоочекуваното „да“, по што присутните избувнаа во аплаузи, овации и честитки за идниот брачен пар.

Романтичниот чин се случи токму на денот посветен на пожарникарите – луѓето кои секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните и честопати ги ризикуваат сопствените животи во спасувачки интервенции.

Сцената брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни граѓани упатија честитки и пораки со поддршка за младиот пар.

Информацијата за настанот ја објави порталот Скопје1.мк.

 

Поврзани содржини