Убиство во скопско Инџиково – го застрелале во главата пред очите на сопругата

Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во главата, по што починал, објавува Алсат-М.

5,128

Убиство во скопско Инџиково се случило синоќа околу полноќ, дознава „Алсат-М“.

Телевизијата, повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49-годишен жител на Инџиково кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.






„Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во главата, по што починал“, објавува Алсат-М.

Од МВР за Курир ја подврдиле информацијата, но не соопштиле повеќе детали.

Поврзани содржини