УБИЕНИОТ ВО ПРИШТИНА БИЛ ОД ЧАИР Блерим Дачи тргувал со дрога, оружје, а бил и во Сирија
Кон неговото возило со скопски ознаки СК 7711 ВК било пукано од друго возило.
Блерим Дачи од Чаир бил македонскиот граѓанин кој беше ликвидиран синоќа во Приштина, јавуваат косовските медиуми. Тој на полицајците во Македонија и во Косово им бил познат по трговијата со дрога, обвинет бил за нелегално држење на оружје, а повратник е од боиштата во Сирија…
Кон неговото возило со скопски ознаки СК 7711 ВК било пукано од друго возило. Полицијата го најде возилото од кое било пукано запалено на патот кон Грачаница, а внатре имало два калашникови.
Упатените дознаваат дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница, но полицијата не успеала да ги фати, пишува косовски ГазетаЕкспрес.