УБИЕНИОТ ДАЧИ БИЛ ГЛАВЕН ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВАТА ВО „ШИША БАР“ Македонската полиција го барала со потерница, а тој користел лажни документи

Телото на Дачи било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина, соопшти косовската полиција.

2,352

Убиениот Блерим Дачи од Чаир кој беше пронајден во автомобил во Приштина бил баран како главен осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“ во Чаир од страна на македонските власти, тврди Индексонлајн. Порталот потсетува дека во двојното убиство во Скопје во кафулето убиени беа Јетон Кривањева и Енес Исени, инаку познати како „Лачи“ и „Жила“.

Индексонлајн пишува дека Блерим Дачи користел лажни лични документи со името Блерим Шабани. Автомобилот од кој било пукано кон неговата кола со скопски таблички бил со германски таблички. Тој бил најден опожарен на еден километар од местото на настанот, а внатре имало два калашникови.






Сѐ се случило синоќа на улицата Ц во Приштина.

Телото на Дачи било испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина, соопшти косовската полиција.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција на Преспа форумот за дијалог во врска со убиството на македонскиот државјанин во Приштина и за тоа дали има подетални информации, кусо одговори дека институциите на Северна Македонија се во контакт со косовските и оти се очекуваат повеќе информации од надлежните за случајот.

– Нашите институции комуницираа со косовските власти и го потврдија тој податок којшто беше објавен во јавноста за наш граѓанин којшто е застрелан во Косово, но се разбира повеќе детали ќе обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт, и ја потврдивме веста, одговори кусо Османи.

Поврзани содржини