УБИЕЦОТ ВО ГРАЦ БИЛ ЗЛОСТАВУВАН УЧЕНИК?! Расте бројот на жртвите од масакрот – засега 9 мртви и десеттина повредени
Австриските медиуми објавуваат дека дека напаѓачот испукал куршуми во две училници. Меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.
Масакрот во средното училиште во Грац, Австрија, е дело на ученик во училиштето, кој сметал дека бил злоставуван, тврдат австриски медиуми, откако беше објавена веста дека најмалку осум лица се мртви по пукотницата што се случила утрово во училиште во округот Ленд.
Австриските медиуми објавуваат дека дека напаѓачот испукал куршуми во две училници. Меѓу жртвите имало и наставници и ученици. Според веродостојни извори, во моментот 9 лица се мртви, од кои 2 биле девојчиња во петто одделение.
Осомничениот сторител бил пронајден мртов во еден од тоалетите. Според медиумите, тој се самоубил.
Бројот на жртви продолжува да расте. Бројот на сериозно повредени е двоцифрен.
Неколку стотици полицајци моментално се на местото на настанот, вклучувајќи ги и членовите на единицата „Кобра“.