🎥 ЖОЛТ КАРТОН ЗА ДИРЕКТОРОТ АРСИМ ИДРИЗИ Следната грешка ќе значи разрешување

Потегот на директорот на Инспекторатот за употреба на јазици, Арсим Идризи, кој одби да говори на македонски јазик пред новинарите, предизвика жестоки реакции во јавноста и во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека доколку ваквото однесување се повтори, ќе следи итно разрешување. Вицепремиерот Иван Стоилковиќ, пак, отиде чекор понатаму и порача дека веќе на следната владина седница ќе предложи Идризи да биде сменет.

10,472

„Разговарав со директорот на Инспекторат за употреба на јазици, Арсим Идризи, му ја посочив грешката и не очекувам да ја повтори истата грешка. Ако се случи такво нешто, во истиот момент ќе биде разрешен“.

Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали Идризи ќе биде разрешен или ќе помине само со опомена, откако одби на новинарите да им се обрати на македонски јазик, туку говореше само на албански јазик.






Кога новинарите побараа изјавата да ја пренесе и на македонски јазик, бидејќи, во спротивно, еклатантно го крши Законот за употреба на јазивите кој треба да го штити, тој рече дека според истиот тој Закон за употреба на јазиците треба да добие и преведувач.

На ваквиот негов потег жестоко реагираше вицепремиерот и министер за политички систем, Иван Стоилковиќ, кој порача дека уште на следната владина седница Идризи ќе биде разрешен од функцијата.

Поврзани содржини