УАПСЕН СОПСТВЕНИКОТ НА РИНГИШПИЛОТ ВО КУРШУМЛИЈА Се огласи српскиот министер за внатрешни работи

Јован Недељковиќ, закупецот на парцелата и Зоран Љубомировиќ, сопственикот на вртелешката, се уапсени и приведени поради основано сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност, изјави српскиот министер за внатрешни работи.

1,353

Српската полиција ги уапсила сопственикот на вртелешката во српското гратче Куршумлија и закупецот на плацот на кој се случи стравичната несреќа. Ова го откри министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ. За српските медиуми тој изјави:

– Во денешната несреќа во Куршумлија на саемот Марковдан, при уривање на конструкцијата на рингишпилот, повредени се 13 лица на возраст од 10 до 22 години. Едно 13-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди опасни по живот и е пренесено во центарот УКЦ во Ниш, Јован Недељковиќ, закупецот на парцелата и Зоран Љубомировиќ, сопственикот на вртелешката, се уапсени и приведени поради основано сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност.






За потсетување, повредени се 13 деца, а едно дете (12) е во кома и лекарите се борат за неговиот живот.

📷 СЕ УРНА РИНГИШПИЛ ВО СРБИЈА, ПОВРЕДЕНИ СЕ ПОВЕЌЕ ДЕЦА Во кома е 13-годишно момче?

 

Поврзани содржини