УАПСЕН СКОПЈАНЕЦ, ВОЗЕЛ АВТОБУС БЕЗ ДОЗВОЛА Полицијата го фати на дело додека превезувал патници
Возач од Скопје приведен откако полицијата утврдила дека вршел јавен превоз без да има возачка дозвола.
Возач на автобус кој превезувал патници низ Скопје бил уапсен откако полицијата открила дека вози без важечка возачка дозвола.
Инцидентот се случил денеска на улицата Панајот Гиновски во скопската населба Ѓорче Петров, каде што полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот го запреле автобусот „мерцедес“ со скопски таблички. При контролата било утврдено дека 54-годишниот возач З.С. од Скопје вршел јавен превоз на патници без да има валидна дозвола за управување.
Против возачот, но и против сопственикот на автобусот – фирма од Скопје, ќе следуваат законски санкции.
Од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел да се откријат и казнат несовесните возачи и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, бидејќи, како што велат, само така може да се спречат несреќи и да се заштитат животите на граѓаните.