Уапсен пироман кој запали две полициски возила

На 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.50 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда

516

Маж е уапсен откако за време на полициски час запалил две возила во дворот на полициската станица во Долгожда, информира МВР.

„Синоќа во 00.50 во село Делогожда, струшко, од полициски службеници од Полициска станица Струга, за време на забраната за движење, бил лишен од слобода Д.Ж.(48) од село Делогожда, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, бидејќи на 25.04.2020, во периодот од 23.30 до 23.50 часот, Д.Ж. предизвикал пожар на две патнички возила паркирани во дворот на Полициска канцеларија Делогожда. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Струга. По целосно документирање на случајот, против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Поврзани содржини