УАПСЕН МИНИСТЕРОТ ШАБАН САЛИУ Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани

Еве и кои други поранешни министри и директори се најдоа зад решетки: Беким Незири и Ваљон Сарачини поранешен актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски и поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев, како и амбасадорот на земјава во Шведска Дритон Кучи.

2,452

По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека надлежните институциите ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек.

Во акцијата дознаваме  се уапсени актуелниот министер без ресор и поранешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами.

Медиумите објавија дека со новата акција опфатени се актуелен министер, директор и поранешни функционери и министри меѓу кои се поранешните министри за економија Беким Незири, Дритон Кучи и Ваљон Сарачин.

Во истрагата се вклучени и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски и поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев.

Истрагата се проширува на 23 нови лица, 18 се веќе обезбедени, четворица во текот на денот ќе бидат повикани на распит, а едно лице е во странство.

Досега, за трагедијата во т.н. кабаре во Кочани, локалното Основно јавно обвинителство отвори истрага против вкупно 27 физички и три правни лица.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изутрината на 16 март, животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа повредени.

Поврзани содржини