Уапсен е мажот од село Ораовица, радовишко кој се заканувал на малолетничка дека ќе ја силува.
– Полицајцијата го лишила од слобода Б.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко, со престојувалиште во с.Ерџелија, светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во с.Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.