УАПСЕН КРИУМЧАР, ПРОНАЈДЕНИ МИГРАНТИ Турчин фатен како превезува пет лица од Египет

Полицијата пресретнала возило, а набргу потоа откриени пет мигранти од Египет во близина на патот Демир Капија – Неготино.

99

Полицијата доцна синоќа спречила обид за криумчарење мигранти на регионалниот пат меѓу Демир Капија и Неготино, каде бил уапсен 29-годишен државјанин на Турција.

Инцидентот се случил околу 23:30 часот кај местото викано „Острово“, кога полициски службеници забележале сомнително движење кај клучката Тремник. Од возило „шкода камик“ со скопски таблички, управувано од осомничениот, излегле неколку лица и се обиделе да се сокријат.






Возилото било брзо запрено, а возачот лишен од слобода. По пребарување на теренот, полицијата пронашла пет мигранти од Египет.

Осомничениот е задржан во полициска станица, додека мигрантите се пренесени во прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини