УАПСЕН Е УБИЕЦОТ ОД МЛАДЕНОВАЦ Полицијата го пронајде во Крагуевац

Урош Б. синоќа уби 8 и рани 13 лица..

2,243

Уапсен е масовниот убиец Урош Б., кој синоќа уби осум и рани 13 лица, објави српски „Блиц“.

По интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, по 8 часа убиецот е пронајден во Крагуевац, објави медиумот.






Како што пренесува Новости, тој наводно се криел кај својот вујко.

Според очевидци, тој имал соучесници, бидејќи пукал од задното седиште на возилото.

Министерството за внатрешни работи на Србија утрово потврди дека осомничениот е уапсен. Полицијата го пронашла во населбата Грошница, во околината на Крагуевац.

Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац во вооружен напад осомничениот У.Б. уби осум лица, а рани 13.

Нападот започнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и во Шепшин.

Околу 600 припадници на специјалните полициски единици го бараа 8 часа.

Поврзани содржини