УАПСЕН Е АКТИВИСТ НА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА Му ги покрил плакатите на противникот, па го натепал
Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.
Половина час пред изборнио молк се случил инцидент и тепачка поради лепење плакати од активисти на две политички партии.
Утринава, во 1,20 часот М.Т.(44) од селото Василево пријавил дека околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.
Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.
Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.