Твитер: Трамп никогаш повеќе на нашата социјална мрежа, дури ни како претседател

Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог - посочи Сегал.

895

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп никогаш повеќе не може да има Твитер налог, изјави финансискиот директор на социјалната мрежа, Нед Сегал.

– Вака нашите правила функционираат: Кога еднаш сте отстранети од нашата платформа, отстранети сте, без оглед дали сте коментатор, директор или поранешен или актуелен функционер — изјави Сегал за Си-Ен-Би-Ес.






Тој додаде дека правилата се одредени за да не можат луѓето да поттикнуваат насилство, а доколку тоа го направат, тогаш се отстрануваат од Твитер, така што никогаш не можат да се вратат.

– Ако Трамп се одлучи повторно да се кандидира за претседател нема да може да има налог – посочи Сегал.

Во јануари трајно е укинат налогот на Твитер на Трамп, по упадот на неговите приврзаниви во Конгресот.

Поврзани содржини