Твитер реакции за носењето маски на отворено: „Ќе тркнете до некоја кафана да земете воздух“
Задолжително носење маска на отворено и кога сте сами на улица, кога сте на гости, на прослава или на слава не смеат да ви дојдат повеќе од четворица, се забранува групирање во парковите и на други јавни површини после 22 часот. Ова се новите мерки кои Комисијата за заразни болести ги предлага до Владата по алармантните бројки на новозарзени со коронавирус. Според министерот за здравство Венко Филипче, анализите покажале дека семејните забави и журките се главните причини за пораст на новоинфицирани со ковид-19 во земјава, а целта била да се спречат забавите од кафулињата да се префрлат во домашни услови. Исклучок за носењето маски надвор ќе бидат децата до 6 години, оние кои спортуваат или се од едно семејство кога се возат во автомобил.
Ви издвојуваме дел од реакциите на Твитер за овие мерки:
Ќе носиме маски на отворено, па ќе си седнеме фино лепо во кафич на затворено и ќе ги симнеме маските. Арно велат, алкохолот ни го покажува вистинското лице. 🙉🙈
— Teona (@Teona0990) October 8, 2020
Маски кога си сам на отворено?!
Ко кондом на .!. у гаќи за онака!(пардон мај Френч)
— AnaStevano (@StevanoAna) October 8, 2020
На сѐ мислеле значи.. Као пеер шо праиме за загадувањето? Маски на отворено брат, ништо нема да осетат!
— 5 џи Еџ (@Edge972) October 9, 2020
Маски на отворено се методи на автотруење! Конц логор на лажиче!
— Булка крај Шините#Се`ЗаМакедонија (@OTrajkovska) October 9, 2020
Ако ви е смешна мерката за маски на отворено, сетете се само дека претходно ги бањаа колите.
— Кинг Конг (@kingkongmkd) October 9, 2020
Инаку, во цел свет има масовни протести против маски на отворено. А има и опозициски партии.
— Bojan (@mordorea) October 8, 2020
Оваа мерка на носење маски на отворено, се коси самата со себе со фактот дека локалите работат надвор. Освен ако не нашле нов начин на пиење на кафе со маска.
— Dime (5,24394 ден.) (@DimeS10cent) October 8, 2020
Вирусот доаѓа ако сме повеќе од 4ца после 22 часот.
Инаку носиме маски на отворено зошто маската го плаши да не ни се приближи. Теее— Kristina (@kristinna_vel) October 8, 2020
Задолжително носење маски на отворено или сами себе отрули 🤮
— Ид Нина 🍀🍅 (@ID__Nina) October 8, 2020
Маски на отворено да се носат, а тоа што отворија граници и цело Косово ќе се собира у Сити Мол нема везе.
— Руи (@riste_g) October 8, 2020
Што кревате паника дека ќе се носат маски и на отворено. Ќе тркенте до некоја кафана за да земете воздух.
— Оливер Твитс (@OloTweets) October 7, 2020
“Маски задолжително и на отворено”
Дојдоа 5 минути на тие со убави очи 😁— ❄️Snow White❄️ (@snowlover_) October 8, 2020
,,Зошто би се носеле маски и на отворено!?”
-За да пустимо очи да говоре.🤣🤣🤣— B (@BL__89) October 8, 2020