Британската ТВ-ѕвезда и експерт за модни трансформации Трини Вудал (56) одлучила да се јави во живо од карантинот на своите следбеници на Фејсбук, но ни сонувала дека среде преносот нејзиниот партнер, милијардерот Чарсл Сачи, ќе прошета гол зад неа.
Снимката на преносот во живо 56-годишната Трини очекувано не ја подготвила, а оние што ја гледале во живо можеле да видат како 20 години постариот Сачи трчи зад неа потполно гол кон туш кабината.
Нејзиниот партнер, милионерот Чарлс Сачи (76) е фатен на камерата потполно гол, додека Трини снимала видео во живо за на Фејсбук каде делела совети за убавина.
Иако изгледало дека водителката на емисијата „Ова утро“ го игнорирала голиот задник на својот партнер, бидејќи продолжила да зборува за својата рутина за негата на кожата, кога сфатила што нејзините обожаватели виделе, ја избришала снимката.
Незгодата ја забележале фановите кои не гледале во ЛЕД маската која чини 400 фунти која Трини ја ставила на лицето, туку во мажот во позадина.
– Не сум сигурен дали сфати дека камерата го улови нејзиниот партнер, но потоа почна да го крие тој дел од бањата. Бидејќи имаше маска на лицето, не можеше да се види изразот на нејзиното лице – раскажал еден од гледачите.
Сето ова се случувало во нивниот дом во Западен Лондон.
Сачи и Трини се во врска од 2013 година, кога тој се разведе од ТВ-готвачката Најџела Лосон. Британија беше шокирана од снимките на кои Сачи ја стега за врат поранешната сопруга во популарниот лондонски ресторан, по што заврши нивниот брак.
Милијардерор е сопственик на рекламната агенција „Сачи и Сачи“ која ја основаше заедно со неговиот брат како и на „Галеријата Сачи“.
FOTO: hellomagazine.com