Туристичкиот гигант „TUI“ доби државна помош од 1,8 милијарди евра
Германско-британската компанија го објави пакетот денес од седиштето во Хановер.
Финансиските институции се согласија да обезбедат итно финансирање од 1,8 милијарди евра на туристичкиот гигант „TUI“ за да му помогнат во надминувањето на кризата во секторот поради коронавирусот.
Германско-британската компанија го објави пакетот денес од седиштето во Хановер.
Средствата, кои треба да и помогнат на една од најголемите туристички компании во светот да ја надмине кризата, ќе ги обезбеди германската државна банка за развој „KfW“.
Потребно е одобрување и од други финансиски институции бидејќи новата кредитна линија наметнува измени во претходната програма за заем.
Од „TUI“ посочија дека веќе има добиено одобрение од германската влада, а Министерството за финансии потврди дека првата голема транша од банката за развој доби зелено светло.