Турција купува руска воена опрема за милијарда долари

Во септември 2017 година, Русија потпиша договор со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана С-400 во вредност од 2,5 милијарди долари, а првите испораки започнаа на 12 јули.

289

Нарачките на руска воена опрема од страна на Турција се проценуваат на околу една милијарда долари, изјави шефот на руската федерална служба за воено-технолошка соработка, Дмитриј Шугаев, во интервју за турската телевизија „Екотурк“.

– Денес можеме да кажеме дека нарачките на руската воена опрема од Турција изнесуваат вкупно една милијарда долари, рече Шугаев, додавајќи дека има цврста основа и добар потенцијал за натамошен континуиран напредок во развојот и соработката во воената сфера – објави ТАСС.






Во септември 2017 година, Русија потпиша договор со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана С-400 во вредност од 2,5 милијарди долари, а првите испораки започнаа на 12 јули.

Во август 2019 година, турска делегација, предводена од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изврши увид во руските борбени авиони „Сухој-35“ и „Сухој-57“ на меѓународниот воздухопловен саем МАКС-2019 во Жуковски, во близина на Москва.

Поврзани содржини