ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ ЛАНИ ПОРАСНАЛЕ ЗА 3,5% Цените на мало се зголемиле за 3,8%
Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4,4%, а цените на мало за 4,3%.
Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3,5%, а цените на мало од 3,8%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во декември 2024, пак, во споредба со истиот месец од 2023 година, трошоците на живот се зголемени за 4,4%, а цените на мало за 4,3%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: ресторани и хотели за 9,9%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,6%, здравје за 5,3%, разновидни стоки и услуги за 5,1%, рекреација и култура за 4,9%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8%, облека и обувки за 3,1%, комуникации, храна и безалкохолни пијалаци за 2,9%, транспорт, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,4% и образование за 0,2%.
Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи.
Пораст на индексите е забележан во сите групи: земјоделски производи за 7,1%, услуги за 5,0%, пијалаци за 4,0%, индустриско-прехранбени производи за 3,5%, индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2,1%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0,3%.
Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 4,8%, рекреација и култура за 1,7%, ресторани и хотели за 0,4%, облека и обувки за 0,2%, разновидни стоки и услуги за 0,1%.
Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: комуникации за 0,4%, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,2%.
Трошоците на животот во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Цените на мало во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година бележат раст од 1,2%.