ТРОЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ ВО ТРКА ЗА ТИТУЛАТА НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН Првпат по 10 години ќе се натпреваруваат толку млади тенисери

Станува збор за 18-годишниот Бразилец Жоао Фонсека и 19-годишните Мартин Ландалус од Шпанија и Ленер Тинг од САД.

377

Тројца тинејџери се квалификуваа за главната ждрепка на Австралија Опен во 2025 година во сингл за мажи.

Станува збор за 18-годишниот Бразилец Жоао Фонсека и 19-годишните Мартин Ландалус од Шпанија и Ленер Тинг од САД.






Според организаторот на Грен слемот, ова е прв пат од 2015 година толку многу млади играчи да се квалификуваат на главниот турнир.

Во 2015 година, четворица млади тенисери влегоа во главната ждрепка на УС Опен: Германецот Александар Зверев, Русинот Андреј Рубљев, Американецот Томи Пол и Швеѓанецот Елиас Имер.

Австралија опен е првиот Грен слем турнир во сезоната. Во 2025 година, мечевите во Мелбурн ќе се одржат од 12 до 26 јануари.

Поврзани содржини