ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАЧУВАЛЕ КОЊ Против нив ќе биде поднесена пријава

192

Полициски службеници од ЕВР Гази Баба денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје ги лишија од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“.

Како што информира МВР, делото го сториле вчера околу 13:00 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје каде измачувале коњ.






Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

На социјалните мрежи денеска се појави видео каде тројца луѓе во кола влечат коњ врзан со јажен, притоа коњот изнемоштен паѓа, а тие се принудени да ја сопрат колата. Снимката ја пренесоа повеќе медиуми. За автентичноста на видеото уште нема официјална потврда.

Поврзани содржини