ТРОЈЦА ПЕШАЦИ ПРЕГАЗЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН Повредени се две жени и млад маж, еден од возачите избегал
Во сите случаи полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.
Две жени и помлад маж вчера се здобиле со тешки повреди во три одвоени сообраќајни несреќи, откако како пешаци биле удрени од возила.
„Во 14.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата со ул.Никола Петров и ул.Маршал Тито во Неготино, патничко возило „пежо“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Д.У.(24) од с.Пепелиште, неготинско, удрило во пешакот М.И.(76) од Неготино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.И., констатирани во Општата болница Кавадарци“, информираат од полицијата.
Вчера во Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од ул.Ресавска, ул.Јован Планински и ул.Ѓорѓи Сугаре патничко возило удрило во пешакот Х.И.(33) од Кавадарци, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.И., констатирани во Општата болница Кавадарци.
„Во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.Владимир Комаров и ул.Бојмија во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната С.А. од Скопје, удрило во пешакот Е.Р.(33) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, додаваат од МВР.
Во сите случаи полициски екипи извршиле увид на местото на несреќите.