📽️ ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ НА РЕСПИРАТОР Осуммината кои вчера пристигнаа во Белград се со повреди опасни по живот

Во Србија се згрижени 29 тешко повредени лица и се наоѓаат во четири здравствени домови - Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

293

Од осумте пациенти кои вчера пристигнаа од Македонија по трагичниот пожар, тројца се на респиратор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност, јави од Белград.

Во изјава денеска за РТС, Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија нагласи дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот.






– Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време – додаде Стојичиќ.

– Во најтешка состојба е еден пациент – Стојичиќ.

Во Србија се згрижени 29 тешко повредени лица и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клиничкиот центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Поврзани содржини
na