ТРОЈЦА ФАТЕНИ СО ОРУЖЈЕ, А ЕДЕН БИЛ БАРАН ОД СУДОТ Засилени мерки за безбеден град Скопје

Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

338

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на вчерашниот ден и денеска во засилени мерки и активности за безбедно Скопје на повеќе од 20 локации легитимирале 126 лица, а кај 64 од нив извршиле и преглед. Преглед бил извршен и на 54 моторни возила и два мотоцикли.

„Лишени од слобода биле четири лица по член 215 од Кривичниот законик. Констатирани биле три прекршоци од Законот за оружје, а едно лице било приведено бидејќи било барано со судска наредба. Засиленото полициско присуство за безбеден град Скопје продолжува и во наредните денови“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера најави дека МВР отвора посебна оперативна акција фокусирана на безбедноста на Градот Скопје, а предвидува зголемена присуство на полицијата на терен.

ОД УТРЕ ЌЕ ВРИЕ ОД ПОЛИЦАЈЦИ НА УЛИЦИТЕ Тошковски најави посебна оперативна акција за безбеден град

Поврзани содржини