ТРИУМФ НА „НЕТФЛИКС“ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА „ЕМИ“ Седум награди за „Круна“

354

„Нетфликс“ ги освои највредните статуетки на овогодишните „Еми“ награди. Меѓу нив, британската серија за кралското сeмејство „Круна“ (The Crown) е прогласена за најдобра драма, а „Гамбит на кралицата“ (Queen’s Gambit) е најдобра мини-серија.

Приказната за британското кралско семејство донесе седум „Еми“, додека сериите „Гамбит на кралицата“ и „Халстон“ го зголемија бројот на освоени награди на вкупно 10.






Серијата „Тед Ласо“ ги собра одличјата за најдобра комична серија, најдобар главен глумец во комична серија (Џејсон Судејкис), како и женска и машка споредна улога (Хана Вадингам и Брет Голдстејн). ТВ-серијата на стрим-платформата „Епл ТВ плус“ освои вкупно седум „Еми“ статуетки.

Оливија Колман и Џош О’Конор од „Круна“ ги освоија телевизиски драмски награди за главни улоги. Колман и О’Конор ги глумеа кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка, за мини-серијата „Кобилата од Исттаун“ (Mare of Easttown), а Јуан Мекгрегор победи со улогата на моден дизајнер во „Халстон“.

Трофеите за „Круна“ вклучуваат најдобра драмска серија, плус четири актерски победи за Џилијан Андерсон, Оливија Колман, Џош О’Конор и Тобиас Мензес.

„Каков прекрасен крај на најнеобичното патување со ова прекрасно семејство“, рече Колман за нејзината последна серија во улогата на кралицата Елизабета Втора.

„Ја сакав секоја секунда и едвај чекам да видам што ќе се случи понатаму “.

А потоа во емотивен наплив, таа додаде: „Би сакала татко ми да беше тука да го види ова. Го изгубив за време на Ковид. Многу ќе му се допаднеше сето ова.”

Поврзани содржини