ТРИУМФ НА „КОДА“ НА ОСКАРИТЕ Џејн Кемпион се закити со златна статуетка за најдобра режија

„КОДА“ доби уште еден Оскар за најдобра машка споредна улога, кој го освои глувиот Трој Коцур и Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

448

Филмот „КОДА“ на режисерката Шан Хедер рано утринава го освои Оскарот за најдобар филм на 94-тото доделување на Оскарите во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а церемонијата беше одбележана со инцидентот на актерот Вил Смит.

„КОДА“ доби уште еден Оскар за најдобра машка споредна улога, кој го освои глувиот Трој Коцур и Оскар за најдобро адаптирано сценарио. Коцур наградата ја посвети на заедницата на глуви и лицата со посебни потреби.






Филмот е римејк на францускиот филм „La Famille Belier“ од 2014 година, во режија на Ерик Лартигау, додека насловот на филмот „КОДА“ е кратенка за „Дете на глуви возрасни“.

Фаворит на Оскарите со 12 номинации беше мрачниот вестерн „Моќта на кучето“ на режисерката Џејн Кемпион, која доби Оскар за режија. Таа е третата жена која освоила Оскар во таа категорија по Кетрин Биглоу (2010) и Клои Жао (2021).

Новозеландската режисерка освои Оскар во 1994 година за најдобро адаптирано сценарио за „Пијано“.

Вил Смит, кој доби Оскар за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“, посветен на тенисерките, сестрите Серена и Венус Вилијамс, предизвика инцидент во текот на вечерта, но потоа се извини.

Актерот се искачи на сцената и беше видно лут, удирајќи му шлаканица на комичарот Крис Рок, кој се пошегува на сметка на избричената глава на Вил, Џејд Пинкет, која боледува од алопеција, значително губење на косата.

Џесика Честејн се закити со Оскар за женска главна улога во филмот „Очите на Тами Феј“

Остварувањето на „Дина“ на Денис Вилнев со вкупно 10 номинации освои четири Оскари во техничките категории, а доделувањето на овие награди беше однапред снимено, како што претходно најави Академијата.

На 94-та церемонија на доделување едноминутно молчење ѝ беше оддадена почест на Украина. За време на молкот, на екраните во театарот беа прикажани пораки кои повикуваат на помош на Украинците, како храна или медицинска опрема.

„Ве молиме да ѝ помогнете на Украина на секој можен начин“, стои во една од пораките.

Меѓу ѕвездите кои се вратија на црвениот тепих во Холивуд по речиси двегодишна пауза поради пандемијата на коронавирус, некои носеа сина лента со натпис „Со бегалците“ во знак на солидарност со цивилите принудени да избегаат од конфликтот. Еден гостин носеше сино-жолта чанта во боите на украинското знаме.

 

 

 

 

Поврзани содржини