ТРИФОНОВ ПОБАРА ВРАЌАЊЕ НА БУГАРСКОТО ВЕТО „Само така ќе ги натераме Македонците да нè слушаат“
Според Трифонов само така може да се запре антибугарската кампања „која кај нашиот сосед добива монструозни размери“.
„Цело време бевме против укинувањето на ветото за членство на Северна Македонија во Европската Унија, затоа што единствениот начин да ги натераме Македонците да нè слушаат е да не го укинеме ветото“.
Ова го рече лидерот на бугарската партија Има таков народ Слави Трифонов на прес-конференција. Според него само така може да се запре антибугарската кампања „која кај нашиот сосед добива монструозни размери“.
Тој го обвинува поранешниот бугарски премиер Кирил Петков затоа што правел „сè што можел да падне ветото“.