Триесет нови смртни случаи во Франција за 24 часа и 130 жаришта на епидемијата

309

Со последните 30 смртни случаи во последните 24 часа, црниот биланс на епидемијата на ковид-19 во Франција, достигна 29. 843, јави дописникот на МИА.

На болничко лекување се наоѓаат 8.536 лица заразени, односно 156 помалку од претходниот ден. Бројот на пациентите на интензивна нега се намали за 17 за 24 часа, на 602.






Во моментов здравствените власти евидентираа 130 кластери на зараза ширум земјата.

Поврзани содржини