ТРИ ДЕНА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ Доаѓа претседателката на Националниот совет на парламентот на Швајцарија
Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Министерството за внатрешни работи информира дека на 12, 13 и 14.10.2022 (среда, четврток и петок), одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Мерките ќе се превземат поради официјална посета на претседателката на Националниот совет на федералниот парламент на Швајцарската конфедерација Ирене Келин,.