📽️ ТРИ АВТОБУСИ И КОМБЕ ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕА ВО КОЧАНИ Пламенот ги проголта возилата за неколку минути, полицијата истражува

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за среќа нема повредени лица, иако пожарот се развил во непосредна близина на пумпата, што го зголемило ризикот од евентуална катастрофа.

697

Страшен пожар избувна ноќеска околу 2:30 часот на плац веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, на излезот од Кочани, при што целосно изгореа три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за среќа нема повредени лица, иако пожарот се развил во непосредна близина на пумпата, што го зголемило ризикот од евентуална катастрофа.






– Навремена интервенција ја спречи трагедијата – информираат од МВР. Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Штип, чии екипи интервенирале со неколку возила и огнеборци.

Според надлежните, во текот на денот ќе се изврши увид од страна на екипа на ОВР Кочани, со цел да се утврдат причините за избувнувањето на пожарот и дали постои основа за сомнение за подметнување.

Граѓаните од Оризари велат дека биле разбудени од звукот на пукање и експлозии, по што следувала паника бидејќи плацот со возилата се наоѓа непосредно до бензинската пумпа. Сепак, благодарение на брзата реакција на пожарникарите, избегната е поголема штета и ризик по околните објекти.

Поврзани содржини