ТРАМП УДИРА СО ЦАРИНИ ОД 50% ВРЗ КАНАДСКИТЕ ВОЗИЛА И ЧЕЛИК „Сакаат бенефиции како 51. држава, а не сакаат да се во сојуз“

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа на 21 август. Канада возвраќа од 8 септември, додека Трамп најави нови американски царини за канадските возила и за челик од 1 јануари.

0

Претседателот на САД Доналд Трамп најави царини од 50% за канадските автомобили, камиони, автомобилски делови и челик. Новите давачки треба да стапат во сила на 1 јануари 2027 година.

Одлуката следува откако Вашингтон и Отава на 21 август не успеаја да постигнат трговски договор.






„Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“.

Тој дополнително ја заостри реториката кон северниот сосед. Трамп претходно изјави дека Канада ги сака „бенефициите од тоа да биде држава, а не да биде таква“.

Карни веќе подготвува контраудар

Канада веќе подготвува контрамерки. Канадскиот премиер Марк Карни ги најави мерките откако на 21 август пропаднаа економските преговори меѓу двете земји.

Контрамерките на Канада треба да стапат во сила на 8 септември. Тие ќе опфатат американски челик, млечни производи, апарати за домаќинство, земјоделска опрема, хартија и електроника.

– Тие бараа премногу, а понудија премалку – рече Карни.

Тој оцени дека двете соседни земји веќе се во трговска војна.

– Во војна си кога ќе бидеш нападнат. Ние бевме нападнати – рече канадскиот премиер.

Трамп дополнително ја крена рампата

Трамп и претходно повеќепати зборуваше за Канада како потенцијална 51. американска сојузна држава.

„Кога станува збор за трговијата, а и во други аспекти, тие се меѓу најтешките земји во светот за соработка. Сметаат дека имаат право на сè, а всушност нам не ни треба Канада, туку тие имаат потреба од нас“, напиша Трамп.

Канадските власти го отфрлија таквиот пристап. Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби, оцени дека американските барања би ја свеле Канада на „економски еквивалент на 51. држава“.

Претходниот американски пакет опфаќа канадски производи вредни околу 28 милијарди канадски долари.

 

Поврзани содржини