ТРАМП СЕ ПИШМАНИ ЗА ГЛОБАТА ОД 20% „Ормускиот Теснец е отворен за сите бродови освен за иранските“

„Решив да ја заменам американската компензација од 20 отсто со трговски и инвестициски договори што различните земји од Заливот ќе ги склучат со САД“, напиша Трамп.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп го повлече својот предлог за воведување царина од 20 проценти на товарот што минува низ Ормускиот Теснец, велејќи дека земјите од Персискиот Залив наместо тоа ќе преземат „масовни“ трговски и инвестициски обврски кон Соединетите Американски Држави, објавуваат повеќе светски медиуми.

Трамп рече дека Ормускиот Теснец сега е отворен за глобален превоз, освен за бродовите поврзани со Иран, и ѝ се заблагодари на американската војска за обезбедување на еден од најважните поморски патишта во светот.






„Ормутскиот Теснец е отворен за сите бродови освен за Иран – а тоа е поради нивното лажливо, насилно, злонамерно раководство, кое ги води по пат на целосно уништување. Затоа, ќе имаме целосна блокада, но само за бродови што доаѓаат од иранските пристаништа или носат нешто поврзано со ирански товар. Врз основа на многу продуктивни разговори со раководството на Блискиот Исток, решив да ја заменам американската компензација од 20 отсто со трговски и инвестициски договори што различните земји од Заливот ќе ги склучат со САД“, напиша Трамп.

 

Поврзани содржини