ТРАМП ОБЈАВИ ДЕКА МАДУРО Е ЗАРОБЕН Заедно со сопругата изнесени се од Венецуела

Мадуро беше обвинет во американски суд за наводен наркотероризам во 2020 година.

757

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга биле „заробени и однесени од земјата“, потврдувајќи ги американските воени напади врз Венецуела.

„Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.






Тој наведува и дека американските органи за спроведување на законот биле вклучени, но не прецизираше како или кои агенции.

Мадуро беше обвинет во американски суд за наводен наркотероризам во 2020 година.

Трамп најави дека повеќе детали ќе бидат објавени на прес-конференција во Мар-а-Лаго во 11 часот по локално време.

Дополнителна неизвесност внесе и изјавата на потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, која соопшти дека владата не располага со информации за тоа каде се наоѓаат претседателот Мадуро и првата дама Силија Флорес. Таа нагласи дека венецуелските власти бараат „итен доказ дека двајцата се живи“, додека меѓународната јавност со внимание го следи развојот на ситуацијата.

Поврзани содржини