ТРАМП НЕМА ДА НЀ ИЗМАМИ, ПОРАЧА ИСЛАМСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА Иран продолжува со нападите на американските бази во регионот

Корпусот на Исламската револуционерна гарда повторува дека измамничкото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп нема да го наведе Иран да го занемари бојното поле, вели Ебрахим Золфагари, портпарол на командниот центар на иранските вооружени сили.

221

Иран ќе „ги употреби сите воени капацитети за да обезбеди безбедност доколку е потребно, изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на Централната команда Хатам ал-Анбија, командниот центар на иранските вооружени сили.

Во говор на државната телевизија, Золфагари рече дека Иран „многу интелигентно и силно го контролира Ормутскиот Теснец“ и дека „земјите надвор од регионот немаат право да се мешаат“.






Според извештајот на иранската новинска агенција Фарс, Золфагари, исто така, рече дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда извршил „напади од големи размери“ во Ербил, Ирак. Тој додаде дека иранските сили, исто така, ги нападнале американските сили во воздухопловната база Ал-Дафра во Обединетите Арапски Емирати, базата Принц Султан во Саудиска Арабија, како и Петтата флота на американската морнарица.

Во извештајот, исто така, се вели дека Иран лансирал ракети во Ашкелон, Тел Авив, Хаифа и областа Гуш Дан во Израел.

– Корпусот на Исламската револуционерна гарда повторува дека измамничкото однесување на американскиот претседател Доналд Трамп нема да го наведе Иран да го занемари бојното поле и борбата против непријателот, бидејќи психолошките операции на непријателот станаа очигледни. САД и Израел ќе продолжат да се повлекуваат – рече Золфгари.

Иран денеска негираше дека се водени некакви разговори со САД и покрај тврдењата на Трамп дека двете страни „постигнале согласност околу клучните точки“. Трамп претходно објави дека Вашингтон и Техеран одржале „многу силни“ разговори во изминатите 24 часа и оти е јасно дека Иран „сака да постигне договор“.

Меѓутоа, претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф повтори дека немало разговори.

– Не се одржани никакви разговори со Соединетите Американски Држави, а лажните вести се користат за манипулација со финансиските и со нафтените пазари и за извлекување од ситуацијата во која западнаа САД и Израел – рече Галибаф.

Според иранската државна новинска агенција ИРНА, портпаролот на иранското министерствоза надворешни работи изјави дека „пријателски“ земји пренесувале пораки според кои САД бараат преговори за завршување на војната, на што иранската страна не одговорила.

ЈАС И СЛЕДНИОТ АЈАТОЛАХ МОЖЕМЕ ДА ГО КОНТРОЛИРАМЕ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Трамп очекува САД да постигнат договор со Иран

Поврзани содржини