Трамп и Салман го потврдија „одбранбеното партнерство“

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и кралот Салман следеше еден ден откако по извештаите дека САД планира да повлече два противракетни системи „Патриот“ од Саудиска Арабија, поставени за одбрана против Иран.

191

Претседателот на САД, Доналд Трамп и саудискиот крал Салман, во телефонски разговор го потврдија „силното американско-саудиско партнерство во одбраната“, соопшти Белата куќа.

Телефонскиот разговор меѓу Трамп и кралот Салман следеше еден ден откако по извештаите дека САД планира да повлече два противракетни системи „Патриот“ од Саудиска Арабија, поставени за одбрана против Иран.






– Претседателот Трамп и кралот Салман се согласија за важноста на стабилноста на глобалните нафтени пазари и го потврдија силното американско-саудиско партнерство во одбраната – рече портпаролот на Белата куќа.

Тој изјави дека Трамп и Салман разговарале и за други клучни регионални и билатерални прашања, но не го спомнал прашањето за системите „Патриот“.

Поврзани содржини