ТРАГЕДИЈАТА ДОВЕДЕ ВОНРЕДЕН НАДЗОР ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Мора да се открие дали 6-годишната Јана починала поради лекарска грешка

2,323

По смртта на 6-годишната Јана Христовска од битолското село Кравари, Министерството за здравство најави вонреден инспекциски надзор има во Клиничката болница во Битола.

Во тек е истрага за причините за смртта на девојчето, по обвинувањата на семејството дека тоа починало поради погрешно дадена терапија. Повеќе ќе се знае по обдукцијата, но информациите ќе стасаат во Обвинителството дури за десетина дена.






Семејството на Јана тврди дека во моменти кога шеќерот ѝ бил 9, лекарите ѝ дале инфузија со гликоза, по што шеќерот енормно се зголемил, што довело до трагедија.

НА МАЛАТА ЈАНА СО ШЕЌЕР 9 Ѝ ДАЛЕ ИНФУЗИЈА СО ГЛИКОЗА?! Семејството тврди дека девојчето починало поради погрешна терапија

Поврзани содржини