📽 ТРАГЕДИЈА ВО РУСИЈА Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург, загинаа 7 лица

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува автобусот како губи контрола, удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец на патот и завршува во реката.

506

Автобус со 20 патници падна во река во Санкт Петербург, при што загинаа најмалку седум лица, јавуваат руските медиуми.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува автобусот како губи контрола на патот и завршува во реката. Автобусот во еден момент почнува да се движи неконтролирано, а потоа удира во автомобил што доаѓа од спротивен правец, пред да ја сруши оградата и да падне во реката Моика.






Според првичните информации, 6 лица се хоспитализирани, а бројот на загинати во моментов изнесува 7, иако повеќе руски медиуми објавија различни податоци.

Возачот наводно бил уапсен и одведен во полиција на сослушување, а властите велат дека сѐ уште се обидуваат да утврдат што се случило на патот и што ја предизвикало несреќата.

Поврзани содржини