ТРАГЕДИЈА НА СНИМАЊЕ Алек Болдвин уби колешка и го рани режисерот (ФОТО)

Актерот ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштила полицијата.

1,995

Испалувајќи куршум од реквизитот актерот Алек Болдвин (68) на снимањето на филмот во Ново Мексико ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштила полицијата.






Инцидентот се случил за време на снимањето на „Rust“, пишува во соопштението на шерифот на округот Санта Фе.

„Канцеларијата на шерифот потврдува дека две лица биле застрелани за време на снимањето на филмот „Rust“. Директорката на фотографија Халина Хачинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48) беа застрелани кога куршумот од реквизитот го испукал продуцентот и актер Алек Болдвин (68)“, се вели во соопштението.

Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен.

Истрагата е во тек.

Алек Болдвин е копродуцент и главен актер во филмот „Rust“. Снимањето било прекинато по инцидентот.

 

Поврзани содржини