Том Круз гладен за љубов! Еве зошто ја избра токму оваа актерка за потенцијална сопруга број четири! ФОТО
Холивудската ѕвезда Том Круз, наводно, смета дека неговата девојка, за која во последно време многу се зборува, Хејли Атвел е клон на неговата поранешна сопруга Кејти Холмс. Па така, таблоидот „Нешенел екваер“ тврди дека Круз отсекогаш го привлекувале жени како Холмс затоа што е бринета со спортска градба, а откако поранешните сопружници се разведоа во 2012 година, Круз до денес одвај пронашол жена која наликува на неговата поранешна сопруга, пишува таблоидот.
Круз, наводно, почнал да се забавува со Атвел на снимањето на новото издание на „Невозможна мисија“, а откако Круз сфатил дека Атвел изгледа исто како Холмс, тој решил да ја „улови“.
– Физички Кети за Том беше дефиниција за тотално совршенство – бринета со спортска градба. Тој секогаш велеше дека нивните разлики се исклучиво последица на евентуален судир на личноста повеќе од што било друго – изјави изворот за таблоидот.
Изворот, меѓутоа, рекол дека Круз нема намера да дискриминира жени кои имаат други физички карактеристики затоа што, на пример, русокоса жена со сини очи да има совршена личност, актерот нема да има проблем со неа. Но, се случи така што тој неодамна се сретна со Атвел, а таа е сè за што сонувал.
Инсајдерот исто така рече дека Круз отсекогаш сакал да излегува со Британка и дека со години го интересира Атвел. Всушност, Круз се обидел да соработува со Атвел во акциониот трилер „Џек Ричер“, но таа наводно не била во можност да се посвети на овој проект поради конфликти во распоредот со другите проекти на кои работеше.
Изворот исто така рекол дека Круз сè уште ја сака Холмс и токму затоа сака да биде со некој што изгледа како неа. И иако актерот некогаш го привлекуваа Никол Кидман и Мими Роџерс, ниту една од овие дами сè уште не го инспирира Круз како Кејти.
Круз и Атвел сè уште не го потврдиле вистинскиот статус на нивната врска. Но, најпрво се шушкаше дека тие се забавуваат дури минатата година. Извор тогаш за таблоидот „Глоб“ изјави дека Круз е гладен за љубов и е сериозно во намерата да одбере сопруга број четири.
Иако, всушност, и не може да се најде некоја сличност помеѓу Холмс и Атвел, освен бојата на косата, во моментот.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм