Американскиoт глумец Том Хенкс, кој заедно со сопругата беа заболени од ковид-19 и се излекуваа, стапи во контакт со дете од Австралија кое е вознемирувано поради своето име – Корона.
Имено, откако осумгодишниот Корона де Врис му пишал дека неговите врсници го тормозат, актерот му врати со писмо и подарок – машина за пишување од марката „Корона”.
– Чув дека вие и Вашата сопруга сте заразени со коронавирусот… Добро ли сте?, му напишало момчето на Хенкс, при тоа додавајќи дека е многу тажен и гневен кога го малтретираат поради неговото име.
– Драг пријателе Корона, твоето писмо многу нѐ израдува жена ми и мене! Ти благодариме, што си толку добар пријател – пријателите прават другите да се чувстуваат добро, кога самите ним им треба помош – одговорил актерот.
Потоа Хенкс истакнува дека машината за пишување ќе му послужи на момчето за тие двајца да си ја продолжат преписката.