Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон пристигнаа на грчкиот остров Антипарос каде што поседуваат вила.
Шеесет итригодишниот оскаровец и неговата сопруга пристигнаа под маски на својот омилен остров.
Ова е нивната прва посета од декември кога Том Хенкс стана почесен граѓанин на Грција.
Хенкс и неговата сопруга поседуваат вила од 450 метри квадратни, сместена poмеѓу Глифа и Хорa на тој остров.
Како што велат мештаните, Антипарос е остров на кој што Хенкс и неговата сопруга сакаат целосно да се опуштат, да уживаат со пријателите, да прават вечери и да уживаат на плажата, далеку од холивудскиот хаос.
Инаку, Том и неговата сопруга Рита веќе прележаа ковид-19 поради што актерот рекол дека „никогаш нема да ги почитува луѓето кои во ваква ситуација одбиваат да носат маски“.