„ТОА ВЕДНАШ ДА ПРЕКИНЕ“ Групата АББА не му дозволува на Трамп да ја користи нивната музика на митинзи

Шведската поп група АББА денеска побара од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи нивната музика на предизборните митинзи.

866

Шведската поп група АББА денеска побара од поранешниот американски претседател Доналд Трамп да престане да ја користи нивната музика на предизборните митинзи.

„Откривме дека се објавени видеоснимки на кои (нивната) музика се користи на настаните на Трамп и побаравме таквата употреба веднаш да прекине“, соопшти издавачката куќа на групата за шведскиот весник „Свенска дагбладет“, пренесува „Политико“.






На митингот на Трамп во Минесота, каде што живеат најмногу Амеерикнаци со шведско потекло, биле пуштени хитовите на АББА како што се „The Winner Takes It All“ и „Money, Money, Money“, но шведските уметници не се единствените кои не сакаат републиканскиот кандидат да ја користи нивната музика.

 

 

Поврзани содржини