ТОА НАВИСТИНА БЕШЕ МИЗЕРНО, ШТО ИМА ДА СЕ ИЗВИНУВА?! Вицепремиерот Александар Николоски не подлегнува на провокации

Николоски ја отфрли провокацијата на новинарот на БГНЕС, кој од него побара извинување за една изјава по посетата на Гордана Силјановска Давкова на Софија лани во септември. Еве што кажа тогаш вицепремиерот, откако домаќинот Румен Радев ја пречека македонската претседателка само со бугарско, но не и со македонско знаме.

2,759

„И минатата и оваа година разговаравме за инженерски, а не за политички проблеми на проектот. Она што вие и вашите колеги сакавте да го направите политички проблем, за среќа не успеавте и затоа сме тука денес. Мислам дека доволно одговорив“.

Вака му возврати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на репортер од бугарската агенција БГНЕС, кој со провокативно прашање пробаа да го потсети на негова ланска изјава на ТВ Алфа, каде што, наводно, како што пишуваат бугарските медиуми, ги нарекол Бугарите „нецивилизирани“ и „бедни“.






На дополнителното прашање „дали ќе се извините за оваа изјава?“, Николоски го сврте грбот.

Што изјави Николоски минатата година во септември на ТВ Алфа за Бугарија?

Неговата изјава беше во контекст на скандалот на средбата меѓу претседателите на двете земји во Софија од 13 септември, кога неодостасуваше македонското знаме. Неколку дена подоцна, Николовски за ТВ Алфа изјави дека Бугарија се покажала како „нецивилизиран домаќин“.

– Минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот. И минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи. Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има, а каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката, туку на домаќинот да покаже пристојност. Ама затоа што домаќинот очигледно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит, затоа е работава ваква каква што е. Помизерни од нив се само нашиве домашниве слуги, кои прифатија дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а сега зборуваат за патриотизам. За оваа изјава очекувам да добијам протесна нота од бугарското МНР – изјави тогаш министерот Николоски

Неговата изјава тогаш беше извлечена од контекст, а претседателот на партијата ГЕРБ во Бугарија, Бојко Борисов, дури побара оставка од Николоски поради изјавата.

Денешната провокација, пак, од репортерот од БГНЕС беше изнесена на потпишување на Договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу двете земји.

Во присуство на повеќе претставници од ЕУ и американската амбасадорка во Македонија, на граничниот премин Ѓуешево, македонскиот вицепремиер и неговиот бугарски колега ги договорија обврските за тунелот од Коридор 8 кој треба да ги поврзе двете земји.

Проектот за железничко поврзување меѓу Бугарија и Северна Македонија датира, во една или друга форма, од пред речиси 100 години.

Поврзани содржини