ТОА Е ЦЕЛОСНО ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА Кремљ негира дека Путин и Трамп разговарале по телефон
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, негира дека имало каков било телефонски повик помеѓу рускиот и новоизбраниот американски претседател.
Кремљ го демантира извештајот на американски медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп разговарале по телефон минатата недела во врска со конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите за тоа се „целосно лажна информација“. Тој негира дека имало каков било телефонски повик.
„Вашингтон пост“ вчера објави дека новоизбраниот американски претседател Трамп во четвртокот телефонски разговарал со рускиот претседател Путин. Според медиумот, Трамп побарал од Путин да не ја разгорува војната во Украина.
Минатата недела портпаролот на Кремљ исто така негираше дека Путин и Трамп имале телефонски разговор велејќи дека засега нема конкретни планови за контакт.